Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Брегалница до многу важна победа, Осогово е во игра и за директен опстанок, пет гола во Радовиш!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Екипата на Брегалница со голот на Стефан Бабунски дојде до важна победа од минимални 1:0 над Беласица во рамки на вонредното 28. коло и така останува во трка за влез во Прва лига.

Македонија ЃП останува на врвот од табелата откако Ристе Лембовски постигна гол за минимална победа од 0:1 над Вардар Неготино.

Осогово со 2:0 славеше над Новаци на домашен терен со двата гола на Марио Симоски. Во Автокоманда немаше победник откако Скопје и Победа ремизираа без голови (0:0).

Каменица Саса со 1:4 славеше над испаднатиот Вардарски во Богданци. Брзо „рударите“ имаа 0:3 со головите на Дарко Алексовски, Тони Мичковски и Аднреј Симевски по дваесет минути игра, а во 26. минута Мирон Илиевски дојде до гол за 1:3 на полувреме.

Во вториот дел Давид Голубов постигна гол во 74. минута за конечни 1:4.

Во Радовиш беа постигнат пет гола за победа на Детонит Плачковица од 3:2 над Охрид. Гостите преку Оливер Дишлиевски и Аљтин Лога имаа 0:2 на полувреме, а во вториот дел Александар Смилков со да гола и Сухејб Рушити погоди за конечните 3:2.

Арсими преку пресврт славеше потешко од очекуваното над Борец со 2:4. Панов погоди за 1:0 во 16. минута, а веќе во 24. минута беше 1:1 со гол на Таипи. Во вториот дел Георгиев постигна гол за 1:2 во 52. минута.

Следуваше израмнување преку Флорент Османи на 2:2 во 74. минута, а две минути подоцна Таипи со втор гол обезбеди нова предност од 2:3. Во 87. минута Мустафа ги постави конечните 2:4.

Мечот во Гевгелија крена многу прашина, Башкими преку пресврт со 1:2 славеше над Кожуф. Дуков погоди во 41. минута за 1:0 на полувреме, во вториот дел Мемети постигна гол за 1:1, а во 94. минута Митревски постигна гол за конечни 1:2, откако играчите на домашниот тим само го проследија тоа без воопшто да има реакција.

Веќе реагираше ФФМ, реагираше и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!