Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига? Каква ќе биде борбата до крај за шампионска титула и влез во Прва лига?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | Арсими ја прославува големата победа, Брегалница во неверување за поразот
Сподели

На три кола до крајот и натаму останува неизвесноста за Прва лига, но сега наместо со четири екипи, трката се сведува на три екипи. Лидерот Македонија ЃП е на врвот со 60 бодови, Арсими е втор со 58 бодови, а пак Башкими е трет со 57 бодови, додека пак Брегалница е „закована“ на четвротото место со 52 бодови.

Првите две места водат директно кон Прва лига, а пак третото место во баражот за можен влез во Првата македонска фудбалска лига.

Македонија ЃП во вторник игра против Вардар Неготино во гости, потоа гостува кај Арсими во дербито на 28. коло, а во последното коло ќе игра дома со Беласица.

Арсими ќе гостува утре во Велес кај Борец, кој е нов третолигаш, потоа дома го игра дербито со Македонија ЃП, а во последното коло ќе гостува кај Вардар Неготино.

Башкими утре гостува кај Кожуф во Гевгелија, па го пречекува Детонит Плачковица дома и во последното коло против Брегалница во Штип.

Екипата на Брегалница утре ќе игра дома со Беласица, потоа ќе гостува кај Охрид и во последното коло дерби со Башкими на домашен терен. Ова е распоредот на четири екипи за последните три кола во ВМФЛ:

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА СО ПРОМЕНА НА ПОЗИЦИИ ОД ПРЕТХОДНОТО КОЛО:
Поз. Клуб Промена ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД → 27 18 6 3 46 8 +38 60
2 ФК АРЕСИМИ-1973 ↑ 27 18 4 5 47 22 +25 58
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово ↓ 27 17 6 4 46 19 +27 57
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД → 27 15 7 5 36 22 +14 52
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС ↑ 27 12 6 9 33 32 +1 42
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ↑ 27 9 13 5 33 23 +10 40
7 ФК БЕЛАСИЦА АД ↓ 27 10 9 8 34 28 +6 39
8 ФК КАМЕНИЦА САСА ↑ 27 10 6 11 41 40 +1 36
9 ФК СКОПЈЕ АД ↓ 27 8 11 8 29 26 +3 35
10 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА ↓ 27 7 12 8 24 23 +1 33
11 ЗФК НОВАЦИ 2005 ↑ 27 8 8 11 27 29 -2 32
12 ФК ПОБЕДА АД ↓ 27 8 7 12 25 30 -5 31
13 ГФК ВАРДАР Неготино → 27 9 3 15 31 47 -16 30
14 ГФК ОСОГОВО → 27 5 8 14 23 43 -20 23
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД → 27 3 4 20 15 48 -33 13
16 ФК ВАРДАРСКИ → 27 3 2 22 20 70 -50 11
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!