Втора лигаФудбал

Кочоски: Против Кожуф одигравме со подмладен состав, ќе им даваме шанса на помладите играчи до крајот од сезоната!

Сподели
Сподели

Екипата на Охрид со минимални 1:0 триумфираше над Кожуф на домашен терен со што охриѓани дојдоа до 12-тата сезонска победа и така го имаат петтото место во Втората македонска фудбалска лига.

Тимот на овој меч настапи со подмладен состав, а стрелец на победничкиот гол беше Давид Карамачоски кој погоди во 84. минута од мечот.

Младиот тренер на Охрид, Ромео Кочоски во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека на мечот со тимот од Гевгелија настапиле со подмладен состав, а како што вели неговиот тим имал две различни полувремиња.

За Спортска Мрежа, кормиларот на Охрид истакна дека до крајот од сезоната ќе им дадат шанса на младите играчи.

„Натпреварот со Кожуф го започнавме со подмладен состав (седум младинци). Одигравме две различни полувремиња. Во првото полувреме гостинот беше подобар, но не ги искористи своите шанси. Вториот дел ни припадна нас, бевме подобри во поле, створивме повеќе шанси, а при крајот една од нашите шанси ја реализиравме и постигнавме гол со што трите бодови остана дома. Остатокот од сезоната како и во мечот кој ни следува ќе се надигруваме со противници, каде што ќе им дадеме шанса на помладите играчи“, изјави тренерот на Охрид, Ромео Кочоски за Спортска Мрежа.

Веќе утре екипата на Охрид ќе гостува во Радовиш каде Детонит Плачковица, во меч од 28. коло на Втора лига, а кој меч ќе биде дерби за петтото место на табелата во ВМФЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0...

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!