ФудбалФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Македонската репрезентација до 15 години заврши последна на „Турнирот на нациите“

Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години заврши на последното место на „Турнирот на нациите“ кој се одржуваше до 25 април до 1 мај во Италија, Словенија и Австрија.

Станува збор за силен Меѓународен турнир со учество на 12 репрезентации, кои беа поделени во четири групи со по три селекции. Македонија беше во група со Јужна Кореја и Словенија.

Македонската репрезентација предводена од селекторот Иљами Исени заврши на последното место, а нашата репрезентација не успеа да постигне ниту гол.

Македонија од репрезентацијата на Словенија загуби со високи 0:3, додека пак од Јужна Кореја поразот беше од минимални 0:1.

Во разигрувањето за пласман од 9-то до 12-то место, македонската репрезентација доживеа нови порази. Од Обединетите Арапски Емирати загуби со 0:1, а со таков резултат Македонија загуби и од Саудиска Арабија (0:1), со тоа Македонија зарши на последното 12. место на „Турнирот на нациите“.

Репрезентативен повик за македонската репрезентација добија и Марио Стојчевски и голманот Младен Крстевски од фудбалскиот клуб Кул Здравје од Скопје.


Пласман Репрезентација
1. 🇮🇹 Италија
2. 🇷🇴 Романија
3. 🇨🇿 Чешка
4. 🇸🇮 Словенија
5. 🇰🇷 Јужна Кореја
6. 🇦🇹 Австрија
7. WalesВелс
8. 🇲🇪 Црна Гора
9. 🇮🇪 Ирска
10. 🇦🇪 Обединетите Арапски Емирати
11. 🇸🇦 Саудиска Арабија
12. 🇲🇰 Македонија


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!