Останато

Јанта Волеј КВ го симна Работнички од тронот и стана нов шампион на Македонија!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода се новите шампионки во Првата женска лига, ставајќи крај на трите години доминација на Работнички Скопје! Во салата „Независна Македонија“, тимот од Кисела Вода со 3:1 (14:25, 25:23, 25:19, 25:22) ја освои третата победа во финалната серија и ја обезбеди четвртата титула во својата историја.

Иако го загубија првиот сет, избраничките на Јанта Волеј се разиграа од вториот сет натаму, направија пресврт и доминираа до самиот крај. Силниот тимски дух, одличната атмосфера и клучната поддршка од публиката беа дел од рецептoт за шампионски успех.

Најефикасни беа Мери Бошковска со 19, Ива Стојковска со 12 и Валерија Собол со 11 поени. Оваа титула доаѓа во јубилејната година од формирањето на клубот – вистинска круна за 20-годишнината на Јанта Волеј КВ!

ФОТО: ОФМ

Во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!