Ракомет

Браќата Илиевски ќе го судат дербито меѓу Алкалоид и Вадар, Митревски и Тодоровски ќе им судат на Радовиш и Куманово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Делегирани судиите за 6. коло на плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига.

Браќата Михајло и Методија Илиевски од Битола ќе го судат дербито на колото меѓу Вардар и Алкалоид, кое се игра во сабота со почеток од 18 часот во спортската сала Автокоманда. Делегати на мечот ќе бидат Ацо Николовски и Драган Начевски од Скопје.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје ќе им судат на Охрид и Бутел, меч кој се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, в петок од 19 часот. Делегат на мечот ќе биде Игор Огненов од Битола.

Во Битола ќе се соочат шампионот Еурофарм Пелистер и Тиквеш, а за правдата ќе бидат задолжени Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека пак Славчо Каланоски од Струга ќе биде делегат.

Натпреварот се игра в петок од 17:30 часот.


Во плеј-аутот ќе се одиграат два натпревари, а слободна ќе биде екипата на Прилеп, откако Борец ФЛ беше исклучен од понатамошно натпреварување.

Струга на домашен терен ќе игра со Пролет, а задолжени за правдата ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николоски од Скопје, додека пак делегат ќе биде Зоран Кимовски од Скопје. Мечот ќе започне во 18:30 часот.

Колото ќе се комплетира в недела со натпреварот меѓу Радовиш и Куманово, кој се игра во СРЦ „25 Мај“, а за правдата ќе бидат задолжени Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Камер Металари од Скопје ќе биде делегат на средбата.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!