Ракомет

Борец ФЛ е исфрлен од Суперлигата – Велес останува без сениорски ракомет!

Сподели
Сподели

Плеј-аут фазата во ракометната Суперлига ќе продолжи без еден тим – Форец ФЛ од Велес е исклучен од натпреварувањето поради прекршување на правилникот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Причината за оваа одлука е многу позната во ракометната јавност, а тоа е недоволниот број на ракометари со кои клубот од Велес допатува во Битола на натпреварот од Купот против Еурофарм Пелистер 2. Според пропозициите потребни се минимум 12 играчи за да започне натпреварот, но Борец ФЛ допатува со само девет играчи, поради што мечот во Битола не беше одигран.

Исклучувањето денес беше официјално потврдено од страна на РФМ и на извлекувањето за судии за претстојното коло, при што закажаниот меч на Борец не беше земен предвид, а за него не беа делегирани ниту судии.

Согласно пропозициите, сите преостанати натпревари на Борец до крајот на плеј-аутот ќе се регистрираат со службена победа (10:0) за противниците, а од контото на Борец ФЛ ќе се одзема по еден бод со што велешани на крајот од сезоната ќе имаат минус еден бод.

Дебитантот неславно ја заврши сезоната и својата прва сезона во Суперлигата. Тргна многу амбициозно со промени во структурата, променето име, бидејќи клубот претходно го носеше името РК Бисинов, се водеше борба за опстанок, но на крајот сезоната ја заврши неславно со исфрлање од лигата.

Ова значи дека сега ќе се води борба за да се избегне претпоследното место во плеј-аутот кое води кон баражот за опстанок во Суперлигата, а Струга и Радовиш кои водеа тешка борба за опстанок сега дишат полесно, откако нивниот конкурент Борец ФЛ е исфрлен од ракометната елита на Македонија.

Велес останува без сениорски ракомет, откако претходно брендот ГРК Борец поради финансиски проблеми, а потоа и други проблеми се откажа од натпреварување во Првата ракометна лига, откако претходно се мачеше и одвај опстојуваше по испаѓањето од Суперлигата, а сега и Борец ФЛ заврши неславно, па Велес како еден поголем град во Македонија останува без уште еден спорт.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!