Кошарка

Заврши регуларниот дел од Втората кошаркарска лига – познати се двојките за плеј-офот за место во Прва лига!

Сподели
ФОТО: КК Соколи
Сподели

Во неделата беа одиграни натпреварите од последното 22. коло на регуларниот дел на Втората македоснка кошаркарска лига, со што сега следуваат предизвиците во плеј-офот.

Црн Дрим го доби езерското дерби со ланскиот прволигаш Охрид откако стружани беа подобри со 86:83, фаворитот Маџари славеше над Борец Баскет со 69:81, Струмица беше поразена од Бутел со резултат од 72:66.

Водно Санс немаше сили за МЗТ Скопје Уни Банка и загуби со 89:114, Ангели како фаворит забележа гостинска победа над Мега Баскет со 69:75, а пак изненадувачки беше поразот на Соколи од „фенерџијата“ Работнички со 109:91, но на овој меч штипјани настапиле со млади играчи со цел да чуват свежи сили за плеј-офот.

Откако беше комплетиран регуларниот дел од 22 кола, сега се познати двојките за четвртфиналето.

Маџари (1) ќе игра со Охрид (8), Ангел (2) против Борец Баскет (7), Соколи (3) против Бутел (6), а пак Црн Дрим (4) против МЗТ Скопје Уни Банка (5).


Победникот од дуелот меѓу Маџари и Охрид ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Црн Дрим и МЗТ Скопје Уни Банка, а пак во второто полуфинале ќе играат победникот од мечот меѓу Ангели и Борец против подобриот од Соколи и Бутел.

Во плеј-аутот за опстанок ќе се борат Работнички 2018, Струмица, Мега Баскет и Водно Санс. Последните две екипи испаѓаат директно во Третата кошаркарска лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!