Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига? Каква ќе биде борбата за директен влез во Прва лига?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Продолжува борбата за директен влез во Првата македонска фудбалска лига и натаму четирите екипи се во трка за првите две места кои директно водат кон елитата, како и за третото место кое води кон баражот за можен влез во Прва лига.

Екипата на Македонија ЃП предводена од Бобан Грнчаров сега е сама на врвот од табелата со 57 бодови, а на второто место остана Башкими со 56 бодови. Трет е Арсими, а тимот од Чегране на своето конто има 55 бодови, а пак Брегалница од Штип е четврта со 52 бодови на своето конто.

Штипјани го имаа најтешкиот пат да завршат на првите две позиции кои директно водат кон елитата, бидејќи имаат три бода негатива од третото место, а пак четири од второто и пет од првото место.

Во долниот дел веќе се е решено Вардарски е без математички шанси за директен опстанок, а веќе и без шанси за бараж, па во следното коло Вардарски и официјално ќе бидат испаднат во Трета лига – Исток и тимот од Богданци експресно ќе се врати во третолигашкото друштво бидејќи после 27 години се врати во Втора лига, но само со епизодна улога.

Иста ситуација има и Борец, тим кој се врати експресно од Трета лига – Југ во Втора лига, но тимот од Велес од следната сезона одново ќе биде дел до Трета лига – Југ.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА НА ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 26 17 6 3 43 8 +35 57
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 26 17 5 4 45 18 +27 56
3 ФК АРЕСИМИ-1973 26 17 4 5 45 21 +24 55
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 26 15 7 4 35 20 +15 52
5 ФК БЕЛАСИЦА АД 26 10 9 7 33 26 +7 39
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 26 11 6 9 32 32 0 39
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 26 8 13 5 31 22 +9 37
8 ФК СКОПЈЕ АД 26 8 10 8 28 25 +3 34
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 26 7 12 7 24 22 +2 33
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 26 9 6 11 37 38 -1 33
11 ФК ПОБЕДА АД 26 8 6 12 25 30 -5 30
12 ГФК ВАРДАР Неготино 26 9 3 14 29 43 -14 30
13 ЗФК НОВАЦИ 2005 26 7 8 11 23 29 -6 29
14 ГФК ОСОГОВО 26 5 7 14 23 43 -20 22
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 26 3 4 19 15 45 -30 13
16 ФК ВАРДАРСКИ 26 3 2 21 20 66 -46 11

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!