Прва лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен без милост – градското дерби во Битола за Топ Гол, Скопје со минималец против Истатов!

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Љуботен со убедливи 9:1 го декласираше Ас Јунајтед на домашен терен, во меч од 21. коло на Првата женска фудбалска лига.

Мариан Огочукву Охадиве постигнат четири гола за Љуботен, двапати погоди Александра Марковска, а по еден гол постигнаа Хава Мустафа, Настасја Накова и Ангелина Јованоска, додека пак за гостинот од Струга единствен стрелец беше Теодора Далческа.

Тиверија Брера на домашен терен со високи 9:0 го декласираше тимот на Речица кој немаше капацитет и можности воопшто да парира на теренот. Бразилката Тчеури Харуми Гоја постигна четири гола и со тоа се израмни на листата на најдобри стрелци со Хава Мустафа со по 25 гола и ќе конкурира за најдобар стрелец во ПЖФЛ.

Теона Галабовска постигна хет-трик, а пак по еден гол постигнаа Александра Теризски и Ане Бошеска.

Топ Гол го доби градското дерби во Битола откако со 0:2 славеше над Атлетико со погодоци постигнати во вториот дел. Во првото полувреме мрежите мируваа на „Павел Шатев“, па победникот се решаваше во вторите 45 минути.


Анастасиа Илиевска во 53. минута ја стресе мрежата на Атлетико за водство од 0:1. Неизвесноста околу трите бодови траеше во текот на самиот меч, а во 87. минута Мартина Сиљаноска капитулираше по вторпат на својот гол откако Ивана Милевска постигна гол за конечни 0:2.

Во Пржино беше постигнат еден гол откако Скопје со минимални 1:0 го доби Истатов со голот на Рабија Дервиши во 25. минута.

Слободна екипа во рамки на 21. коло беше Каменица Саса.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!