Денес беше отворено 22. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север со еден натпревар, а во кој немаше победник.
Ржаничино и БВК Коњаре ги поделија бодови играјќи 1:1. Домашниот тим преку Мартин Лазев во 32. минута дојде до почетна предност од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел домашниот тим градеше акција за да дојде со двојна предност, а пак гостинот гол за израмнување, а кој беше постигнат во 85. минута, откако Фати Јусуфи беше прецизен од белата точка.
Колото ќе се комплетира утре со останатите натпревари.