Старата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е речиси целосно урната, по што потоа ќе започнат градежни активности за изградба на нова трибина, со што охридскиот стадион ќе има нова модерна трибина, а стадионот во нашиот најголем туристички центар ќе добие нов модерен и современ лик.
Новата трибина ќе има капацитет од 3.500 седишта, современи содржини како осум скај-боксови за ВИП зони, медиумски центар и други простории според меѓународни стандарди.
- РЕЧИСИ ВО ЦЕЛОСТ Е УРНАТА СТАРАТА ТРИБИНА НА СТАДИОНОТ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА: