Ракомет

Ѓорѓески: Добрата одбрана и мотивацијата беа клучот за победата над Тиквеш во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид вечерва триумфираше над Тиквеш во Кавадарци со 20:24 во рамки на меч од 5. коло на плеј-офот на Суперлига.

Охриѓани одиграа одличен натпревар, особено во првиот дел кога домираа на теренот, а голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески имаше 12 одбрани и одлично ја „спушташе ролетната“, за што Тиквеш немаше решение.

Веднаш после натпреварот изјава за Спортска Мрежа даде Ѓорѓески, кој вели дека одиграле одличен натпревар, со доста добра одбрана и мотивација што било клучот за победата во Кавадарци.

„Пред сè, сакам да им честитам на моите соиграчи за борбеноста, за одличната игра денес, како и за оваа многу важна победа за нас.. одигравме еден одличен натпревар, посебно во првото полувреме нашата одбрана беше на ниво на задачата, па со тоа доста ми помогнаа и мене. На крајот мислам дека тоа и пресуди- добрата одбрана и големата мотивација кај сите играчи. Многу ја посакувавме оваа победа, на крајот и успеавме и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам до крајот на сезоната“, изјави голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Охрид се зацврстува на четвртото место на табелата со пет бодови, а пак Тиквеш останува на петтото место со три бодови. Во следното коло Охрид дома ќе игра против Бутел, тим кој нема бодови, а пак Тиквеш оди во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!