Љупче Дориев, 29-годишен фудбалер од Струмица, е најдобар стрелец во Узбекистанската Прва лига. Со неверојатен настап во ФК Согдиана, Дориев има постигнато пет гола и една асистенција во само пет одиграни натпревари. Неговата голгетерска форма го прави еден од најистакнатите играчи во тимот и лигата.
Љупче Дориев има богата фудбалска кариера и претходно настапувал за македонските клубови, како што се Хоризонт Турново, Академија Пандев и Шкендија, а сега е член на ФК Согдиана во Узбекистан.
Неговата извонредна форма го прави еден од клучните играчи на тимот, и тоа го потврдува на секој натпревар. Дориев ја продолжува својата успешна кариера на меѓународната сцена, при што македонскиот фудбал го промовира со секој настап.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа