Втора лигаФудбал

Пред Брегалница е многу тежок пат за директен влез во Прва лига? Штипјани имаат тежок распоред!

Сподели
Сподели

Ѓорѓи Шишков ја „закова“ Брегалница на четвртото место на табелата откако обезбеди победа за неговиот Вардар Неготино од минимални 1:0 во претходното 24. коло на Втората лига на „Цвај арената“.

Сега пред штипјани се отвараат повеќе прашања, како до директен влез во Прва лига? Може ли Брегалница до експресно враќање во Прва лига? Каков е распоредот до крајот на „сините“? Прашања и прашања, што има на терен?

Пред да започнеме со анализата, но и да го видиме распоредот на Брегалница до крајот, краток поглед на табелата и како истата изгледа и каде тука е Брегалница.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 24 16 5 3 42 8 +34 53
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 24 16 5 3 43 17 +26 53
3 ФК АРЕСИМИ-1973 24 16 3 5 44 21 +23 51
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 24 14 6 4 34 20 +14 48
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 24 8 12 4 31 21 +10 36
6 ФК БЕЛАСИЦА АД 24 9 8 7 31 25 +6 35
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 24 10 5 9 28 29 -1 35
8 ФК СКОПЈЕ АД 24 8 10 6 27 22 +5 34
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 24 7 11 6 23 20 +3 32
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 24 9 5 10 37 37 0 32
11 ГФК ВАРДАР Неготино 24 8 3 13 28 41 -13 27
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 24 6 7 11 21 29 -8 25
13 ФК ПОБЕДА АД 24 6 6 12 23 30 -7 24
14 ГФК ОСОГОВО 24 4 6 14 20 41 -21 18
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 24 3 4 17 15 43 -28 13
16 ФК ВАРДАРСКИ 24 3 2 19 20 63 -43 11

Брегалница сега има пет бодови помалку во однос на водечките Македонија ЃП и Башкими кои имаат по 53 бодови, Арсими е трет или во бараж зоната за ПМФЛ со 51 бод, а Брегалница е на четвртото место со 48 бодови. Пет бодови не е многу, но не е и малку, ако се земе фактот што Брегалница загуби важни бодови од екипи каде практично не требаше да погрешки, а како што беше случајот во Неготино, или пак со Осогово на домашен терен кога одигра 1:1.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање! Подадена рака од тренерот на Брегалница, Ристе Наумов кон тренерот на Вардар Неготино, Горан Тодорчев после поразот на „сините“

Брегалница ја очекува тежок распоред, каде не смее да погрешки, но притоа треба да се надева дека Македонија ЃП, Башкими и Арсими ќе направат киксови, а притоа Брегалница треба да ги добие сите овие три екипи.

  • РАСПОРЕД НА БРЕГАЛНИЦА ОД КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА:
Коло Датум Натпревар Терен
25 21 април Борец – Брегалница 🚌 Гости
26 26 април Брегалница – Македонија ЃП 🏠 Домa
27 3 мај Арсими – Брегалница 🚌 Гости
28 6 мај Брегалница – Беласица 🏠 Домa
29 10 мај Охрид – Брегалница 🚌 Гости
30 17 мај Брегалница – Башкими 🏠 Домa

Натпреварот со Борец е веќе првиот чекор за Брегалница на патот кон директен влез во Прва лига, овој меч „сините“ ќе треба да го добијат без размислување, ако и овде направат грешка тогаш шансите ги сведуваат веќе на минимум. Овој меч се игра во понеделник, а по тежина е сличен како тој во Неготино, со тоа што и на Борец му треба бодови за опстанок, па сигурно е дека велешани одат на се или ништо против Брегалница.


По мечот со Борец пред Брегалница е тежок распоред. Во Штип доаѓа Македонија ЃП тим кој по квалитет е најдобриот и најскапиот, на првото соочување Брегалница беше декласирана во Ѓорче, а „лавовите“ во Штип ќе сакаат победа и веќе да направат потврда кон враќањето во Прва лига.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Мечот со Македонија ЃП ќе биде мерило за Брегалница колку е подготвена за до крај да води борба за Прва лига и дали Штип следната сезона ќе има прволигашки или одново второлигашки фудбал.

Потоа следува уште еден тежок меч за Брегалница гостување во Гостивар кај Арсими кој е значително засилен во однос на есенскиот дел, и ако се направи споредба Брегалница можеби и за нијанса е послаба од есенскиот дел, а Арсими е значително засилен, го има и Аљбин Рамадани кој е во одлична форма и кој се бори за најдобар стрелец.

На ваков меч Брегалница уште еднаш ќе треба да ги потврди своите квалитети ако сака да се избори за Прва лига, а тука ќе биде и пресудно и тактичката подготвеност, анализи и многу фактори кои би биле рецепт за триумф и три бодови.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

На 6 мај во Штип ќе гостува Беласица тим кој во пролетниот дел влезе во победнички ритам и конкурира сезоната да ја заврши на петото место, а пак Брегалница на првото соочување од есенскиот дел се мачеше долго во Струмица и одвај го доби мечот со минимални 0:1. Но, сега Беласица е значително засилена има искусни играчи како новото засилување Бојан Најденов, но и повратникот Александар Коцев.


Во претпоследното коло Брегалница ќе гостува на „Билјанини Извори“ каде ќе се соочи со Охрид, а „Билјанини Извори“ важи за стадион каде тешко се освојуваат бодови, Интересно ќе биде тоа ако овој меч на Брегалница им значи многу пред последното коло, во случај ако Брегалница зависи од мечот во Охрид, па тогаш ќе има вистина тешка задача „синиот“ тим да дојде до три бодови покрај езерото, бидејќи се покажа дека Охрид иако се потпира на домашни играчи може да се носи со сите во лигата и да е тврд противник.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Последното коло, 30-та рунда, 17 мај, ако веќе не е решено, тогаш ќе се решава во Штип, некој ќе плаче, а некој ќе се радува. Брегалница го пречекува Башкими.

30-тата рунда може да значи дека Башкими во Штип доаѓа како нов прволигаш, можеби и како шампион на Втора лига, а може да значи и дека доаѓа по бодови за директен влез. Можеби пак Брегалница веќе ќе ги реши сите дилеми, па Башкими ќе зависи за Прва лига или бараж. Многу комбинации, но едно е сигурно, ќе гледаме натпревар со карактер на финале.


Башкими во последното есенско коло ја доби Брегалница на домашен терен со 2:1, а сега ќе сака уште еднаш да ја доби, а Брегалница ќе сака да врати за поразот во Куманово.

Тежок распоред пред Брегалница, тежок затоа што игра со сите конкуренти за Прва лига, а тоа отвара и друго прашање. Брегалница ако сака Прва лига, треба да биде перфектна, да ги добие сите натпревари и со тоа да си завери билет за Прва лига. Брегалница зависи сама од себе до некаде, а до некаде и од играта на конкурентите.

Веќе од понеделник започнува мисијата на Брегалница за враќање на победничките патеки, заборавање на поразот во Неготино и трасирање на патот кон Прва лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!