ФудбалФутсал

ФОТО: Форца испиша уште една историја – ја одбрани титулата, а сега атакува на нова двојна круна!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Форца е старо-нов шампион во Првата футсал лига на Македонија, откако клубот од Куманово, на неколку кола пред крајот ја одбрани шампионската титула. Форца ја освои втората шампионската титула во својата историја едно по друго и ја започнува својата доминација во македонскиот футсал, ера во која доминира Форца.

ФОТО: Futsal Club FORCA

Форца го одигра последниот меч за оваа сезона на домашен терен против Шкупи – натпревар кој го доби со 2:0 пред домашната публика. Берат Рамадани погоди во 5. минута за 1:0, а потоа Зоран Левески во 10. минута ги постави конечните 2:0.

Победа пред својата публика и подигање на шампионскиот пехар – Форца воопшто не виде мака. Со 16 победи, еден пораз и едно реми стана шампион на Македонија, со најефикасниот напад кој постигна 112 погодоци.

ФОТО: Futsal Club FORCA

Форца доминираше на секој меч и ги полнеше противничките мрежи. Го има најквалитетниот тим кој прави разлика, а во овие 18 кола собра 49 бодови.

ФОТО: Futsal Club FORCA

Пред Форца сега е нов предизвик – одбрана на титулата во Купот, со што ќе атакува на двојна круна. Тимот веќе се подготвува за финалето од Купот на Македонија, каде што во Радовиш, во СРЦ „25 Мај“, ќе се соочи со Осогово од Крива Паланка – тим кој првпат ќе игра во финале на Купот.

ФОТО: Futsal Club FORCA

Финалето од Купот на Македонија како што веќе најави Спортска Мрежа ќе се игра на 27. април со почеток од 19 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!