Започнува нова ера во женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид, клубот воспостави соработка со фудбалскиот клуб Струга Трим Лум со што струшкиот клуб застанува зад охридскиот клуб во главната цел поддршка, соработка и влез во Првата женска фудбалска лига.
Според нашите информации денес бил одржан состанок и биле поставени контурите на ова долга соработка, која ќе се темели на долги стази. За таа цел веќе утре 25 фудбалерки на ЖФК Билјанини Извори заминуваат во Скопје каде заедно ќе го проследат натпреварот меѓу Вардар и Црвена Ѕвезда кој се игра во чест на трагичниот настан кој се случи со дискотеката „Пулс“ во Кочани, а картите за натпреварот и превозот е организиран од веќе новиот партнер ФК Струга Трим Лум.
Ова е само почеток, веќе во следните денови според нашите информации ЖФК Билјанини Извори ќе воспостави темелна соработка и со уште неколку страни за што ќе информираме веќе утре.
Дополнително, на прашања на Спортска Мрежа, ЖФК Билјанини Извори во следните денови ќе го решава испразнетото тренерско столче и клубот ќе има нов тренер кој ќе го води во иднина.
Првата цел ќе биде да се добие натпреварот со Вардар на домашен терен, со што на таков начин Билјанини Извори ќе го обезбеди влезот во Прва лига, а според нашите информации доколку клубот обезбеди влез во Прва лига, ќе се работи на создавање на квалитетен тим, со што според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, ЖФК Билјанини Извори ќе води преговори за ангажман на неколку искусни репрезентативки и враќање на играчи кои имаат и меѓународно искуство, па во таков случај како што дознава Спортска Мрежа, ФК Струга Трим Лум ќе атакува следна сезона на титула, а на титула и излез во Европа ќе атакува и ЖФК Билјанини Извори.
Претседател на ЖФК Билјанини Извори останува Јовче Попоски, а во следниот период ќе има организација во управата, со што ќе информираме навремено. На денешниот состанок меѓу Попоски и претставници од ФК Струга Трим Лум беше означена соработката на двата клуба, со што ЖФК Билјанини Извори доби нови дресови со главниот спонзор Трим Лум.
Ова е почетна соработка меѓу двата клуба, а во следниот период ќе ја објавиме деталната соработка на двата клуб.