Во рамки на 17. коло кое е претпоследно на Првата футсал лига на Македонија екипата на Бутел со 4:1 ја доби Црна Река во битката за опстанок во елитата.
Домашниот тим до победата дојде преку погодоците на Пеев, Даиловски, Мојсовски и Јаневски, а пак за гостинот погоди Митров во првиот дел.
Клими со 9:4 на домашен терен однесе убедлива победа над Јувентус Серава. За домашниот тим двојни стрелци беа Аризанов, Левков, Мухајлов и Крстески, а еден гол постигна Спасовски, додека пак за гостинот Алијевиќ беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Аџами и Бајрам.
Неизвесен меч со егал борба на теренот меѓу Шкупи и Осогово каде гостинот од Крива Паланка преку пресврт стигна до победа од 4:5.
Домашниот тим преку Бурак Мемедов по две минути игра дојде до предност од 1:0, а веднаш потоа Кристијан Ристовски постигна гол за 1:1. Не требаше многу откако Иљбер Алили постигна гол за 2:1, а пред крајот на првиот дел Ристовски со втор гол израмни на 2:2. Сепак, во самиот финиш на првото полувреме Зекир Зејнели постигна гол за 3:2 на полувреме.
Во вториот дел во 25. минута поради два жолти картони Давид Ристовски беше исклучен од игра. Алили со втор гол зголеми на 4:2, а потоа до крајот Осогово преку Дамјан Ангеловски, Мартин Ристовски и Кристијан Станојковски дојде до конечните 4:5.
Проект и старо новиот шампион Форца ремизираа во Гевгелија играјќи 4:4. За домашниот тим Ѓорги Коцевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Тодор Андонов и Давид Блажевски.
За гостинот хет-трик постигна Иван Крстевски, а првиот гол беше дело на искусниот Зоран Левески.
Кеги Моби однесе убедлива победа од 1:8 над Железарец со што тимот на Кеги Моби запиша победа вредна опстанок во Првата футсал лига, а пак Железарец е веќе испаднат во Втората лига.
Филип Драскачев си постигна автогол, кој потоа и постигна гол за Кеги Моби. Двоен стрелец беше Христијан Ристовски, а по еден гол постигнаа Дукадиновски, Гаштев, Каров, Панов и Ахмедов.