Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каменица Саса преку Ана Димитровска слави победа над АС Јунајтед во Делчево

Сподели
ФОТО: ЖФК Каменица Саса
Сподели

Каменица Саса дојде до нова победа откако со 3:1 денес триумфираше над Ас Јунајтед во меч од 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Овој натпревар се одигра на Градскиот стадион во Делчево, бидејќи машкиот тим на Каменица Саса денес исто така играше првенствен натпревар на домашен терен со Башкими на домашен терен.

„Рударките“ до победата дојдоа преку пресврт, откако гостинот од Струга преку Веса Села дојде до 0:1 по девет минути игра, а во финишот на првиот дел односно во 42. минута Ана Димитровска постигна гол за 1:1.

Во вториот дел Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо постигна гол за пресврт и водство на Саса од 2:1. Натпреварот резултатски беше неизвесен до самиот финиш кога Димитровска со втор гол ги постави конечните 3:1.


Колото се комплетира утре со останатите три натпревари. Љуботен како апсолутен фаворит ќе игра против Атлетико на домашен терен, Тиверија Брера ќе го пречека Топ Гол во Струмица, а пак Скопје ќе игра со Речица во меч каде домаќинот ќе биде фаворит.

Во оваа коло слободна ќе биде екипата на СЦ Истатов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!