Лидерот Шкендија Арачиново забележа лото победа од 7:0 над некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ во меч каде Јусуф Аљиу постигна хет-трик, два гола даде Дарио Десниќ, а по еден гол Бујар Иљази и Јасир Беќири.
Шкендија Арачиново со овој триумф и официјално стана шампион во Трета лига – Север и со тоа веќе фокусот е на баражот за Втора лига.
Куманово на домашен терен загуби од некогашниот второлигаш Кадино со 2:3, каде за домашниот тим Шерифи и Божиновски беа стрелци, а за гостинот Наумовски беше стрелец на првиот гол кој падна во 7. минута, а пак Далибор Николовски беше двоен стрелец.
Академија Илинден и Ржаничино ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Во првиот дел мрежите мируваа, а во вториот дел Николче Ефремов во 59. минута погоди за 1:0, додека пак гостинот се спаси од пораз во 92. минута кога гол постигна Иван Мицевски за поделба на бодовите.
Извештаите од останатите натпревари за кој информираше Спортска Мрежа можете да ги прочитате овде, а за мечот меѓу БВК Коњаре и Риниа овде.