Екипата на Млекар забележа висока победа од 4:0 над Стрела на домашен терен во меч од 10. коло на Општинската фудбалска А лига во Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Боби Ачкоски беше двоен стрелец во победата на Млекар, а по еден гол постигнаа Филип Трајкоски и Деан Цветкоски.
Со денешната победа екипата на Млекар е се поблиску до бараж во ОФЛ Прилеп за влез во Трета лига – Југ.