Останато

„Трчаме и возиме со Николчо“ во чест на македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Сподели
Сподели

По петти пат, на 19 април 2025 година (сабота), ќе се одржи спортскиот настан „Трчаме и возиме со Николчо“ во чест на македонската фудбалска легенда Благој Истатов. Настанот, кој прерасна во традиција, се реализира во соработка помеѓу велосипедскиот клуб „Актив“ и фамилијата Истатови.

Главен учесник и инспирација на манифестацијата е Николчо Ѓоргиев — член на ВК Актив и еден од најуспешните македонски ултрамаратонци, кој досега петпати учествувал на светското првенство во дуатлон – Powerman Zofingen во Швајцарија. Врз основа на овој престижен настан, креирана е и оваа македонска верзија која комбинира велосипедизам и трчање на долги патеки.

Оваа година, рутата ќе вклучува 150 километри велосипедизам и дополнителни 40 километри трчање. Ѓоргиев ќе започне со 10 километри трчање, заедно со неговиот 14-годишен син, Дамиан Ѓоргиев – млад талент кој веќе ги следи стапките на својот татко.


Потоа следува делницата од 150 километри со велосипед, каде ќе се приклучат реномирани велосипедисти од Скопје и Струмица: Душко Исајловски, Иво Таневски, Боцка Боцковски, Томи Ристиќ, Зоран Крстевски и Миле Стојменов, како и други чие учество дополнително ќе биде потврдено.

Безбедноста и поддршката ќе бидат обезбедени со придружно возило на ВК Актив, а завршницата на последните 30 километри трчање ќе биде проследена со поддршка од велосипедистите на клубот, сè до пристигнувањето во хотелот „Истатов“ во Дојран, каде ќе биде организиран пречек од семејството Истатови.

Од ВК Актив порачуваат дека соработката со фамилијата Истатови продолжува и понатаму, особено поради нивниот континуиран ангажман во спортот, со јасна визија за негов развој. Детали за самиот настан ќе бидат дополнително објавени во наредните денови.

Спортска Мрежа дава медиумска поддршка на овој настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!