Порече ја слави капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска која беше единствениот стрелец во победата од 0:1 над Плачковица во Радовиш со што трите бодови замина за Македонски Брод.
Рано беше отворен резултатот, а потоа и двете екипи најчесто со игра на средина се обидуваа да креираат посериозни шанси за погодоци.
Порече бараше гол за да направи резултатска сигурност, но Плачковица беше дефанзивно добро поставено и не дозволуваше простор за Порече кој преку Ѓорѓиоска Блажеска ги фокусираше нападите кон голот на домаќинот.

Плачковица имаше свои обиди и неколку шанси, но не успеа да реализира гол и со тоа трите бодови заминаа на контото на Порече, а воедно овој меч беше дерби за четвртото место на табелата.
- ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА НАТПРЕВАРОТ ПЛАЧКОВИЦА – ПОРЕЧЕ:
Билјанини Извори на домашен терен забележа уште една сигурна победа, овој пат од 3:0 над дебитантот Слободен. Домашниот тим беше фаворит на овој меч а тоа беше оправдано со три погодоци кои беа постигнати во првиот дел. Ева Андонова погоди во 10. минута за отварање на резултатот, а пак Марија Бојкова се впиша во листата на стрелци по само три минути.
Во 23. минута Марија Јулчовска ги постави конечните 3:0 со што трите бодови останаа во Охрид. За екипата на Слободен ова е повеќе од одличен резултат на тешкото за нив гостување со оглед на големата разлика во квалитет, бидејќи тимот на Слободен за првпат се натпреварува во сениорска конкуренција со млади играчи на кои им е потребно искуство и зрелост.

Девојките на Теодора Димитровска забележаа нова победа откако Вардар со лото победа од 7:1 ја доби Победа од Валандово. Мирјана Ѓеровска постигна хет-трик во првиот дел од мечот, а двапати погоди и искусната Теодора Јанковска во првиот дел од мечот.
Во првите 45 минути за Вардар гол постигна и Миа Закев. Во второто полувреме гостинот од Валандово постигна еден утешен гол преку Дора Зафирова во 66. минута, а пак во 89. минута Закев со втор гол ги постави конечните 7:1.

Лидерот Кочани броеше до 11 гола во убедливата победа над „фенерџијата“ Борец на домашен терен од 11:1.
Поранешната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи постигна седум гола за Кочани, хет-трик постигна Ангела Стојковска, а пак еден гол Симона Веселинова за отварање на резултатот во 2. минута. За тимот од Велес единствен стрелец беше Сања Перчинковска.