ФудбалФутсал

Овче Поле и Балкан со нови високи победи го делат врвот, откако го симнаа Мал Ајакс на третото место, Саќипи постигна шест гола за Карадаку!

Сподели
Сподели

Понекогаш натпреварите во Втората футсал лига наликуваат на ракометни натпревари, па така во меч од 18. коло екипапа на Каршиака до врв ја наполни мрежата на Победа за триумф од неверојатни 21:2.

Нехат Емини и Фуркан Ќани постигнаа по четири гола, Џезаир Рамадани и Енис Мемеди постигнаа по три гола, двојни стрелци беа Аммар Мемеди и Хамза Садики, а пак по еден гол постигнаа Неџати Шабани, Иса Елмази и Ридај Вељии.

За гостинот од Прилеп стрелци на двата погодоци беа Кристи Крајоски и Никола Трајкоски.

Балкан слави победа од 9:4 над Партизан Југ од Брвеница, но го слави и Јусуф Сулејмани кој постигна пет гола за домашниот тим, двоен стрелец беше Мартин Љотевски, а по еден гол постигнаа Пајтим Реџепи и Емин Незири.

За гостинот од Брвеница двапати погоди Игор Марковски, по еднаш Даниел Јандриески и Стефан Апостолоски.

Овче Поле доби уште еден важен и голем меч со кои изби на врвот од табелата, во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе со 7:3 го доби Кораб од Дебар.

Хет-трик за домаќинот забележаа Марио Панев и Ѓорѓи Султанов, а еден гол постигна Стефан Трендафиловски, додека пак за гостинот стрелци беа Бурхан Бајрами, Октај Беќири и Енес Боличе.


Карадаку забележа нов пораз откако на домазет терен загуби од екипата на Кратово со 6:9, но во меч каде Омер Саќипи беше стрелец на шест гола за домаќинот, а пак за гостинот двојни стрелци беа Бобна Начковски, Кевин Јакимов и Горан Арсовски, а по еден гол постигнаа Давид Стојановски, Глигорче Јакимов и Никола Стојчевски.

Претходно како што објави Спортска Мрежа екипата на СЕЕ Университи го совлада дотогаш лидерот Мал Ајакс со 8:2 и го спушти на третото место, а пак ССК Скопје беше слободна.


На првото место е Овче Поле со 40 бодови, а толку има и Балкан кој е втор, а пак Мал Ајакс сега е трет со 39 бодови, а тоа ветува неверојатно пеколна борба за првите две места кои директно водат кон Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

КФМ го намали бројот на странци во македонската кошарка и воведе нови правила за клубовите

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски...

Кошарка

Спорт тим против Вардар за кадетската титула

Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал фор“ турнирот во М16 лигата-жени, домаќинот беше подобар од екипата на Петровски (47:37). Екипата на Спорт тим...

Поврзани написи
Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс или Влазними – борба за Втора лига

Денес на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот бараж натпревар...

Втора лигаФудбал

Кожуф ја оствари целта, Иван Варадиновски поднесе оставка по обезбедениот опстанок во Втора лига

Младиот штипски стратег Иван Варадиновски повеќе не е шеф на стручниот штаб...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Брера и Скопје, Игор Стојчевски на Пелистер и Шкендија Арачиново

Утре се играат бараж натпревари за Првата македонска фудбалска лига, а вечерва...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски пред нов предизвик? Македонскиот стратег во комбинација за клупата на Олимпија Љубљана

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски ја заврши својата етапа во Радомље по...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!