Во рамки на 11. коло на Трета лига – Исток екипата на Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе со 4:1 го декласираше Ударник од Пирава, но мечот го одбележа проектилот на Димитар Стојановски, откако фудбалерот на Овче Поле мајсториски ја зафати топката и испрати вистински проектил кон голот на Ударник, а голманот Димитар Петров „пливаше во празно“.
Погодокот беше постигнат во 4. минута за отварање на резултатот, а на мечот беа постигнати вкупно пет гола за триумф на домашниот тим од 4:1.
- ПРОЕКТИЛОТ НА ДИМИТАР СТОЈАНОСКИ СО КОЈ СЕ ОДБЕЛЕЖА МЕЧОТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: