Ракомет

Притисокот за опстанок се зголемува – Радовиш денес нема право на грешка во Велес, Борец ФЛ оди по триумф над радовишани!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш денес гостуваат во Велес каде ќе се соочат со Борец ФЛ во рамки на 2. коло на плеј-аутот на Суперлигата. Меч тежок и важен и за двете екипи во борбата за директен опстанок во Суперлигата.

Вчера беа одиграни два натпревари, а резулатите од истите прават сериозен притисок за радовишани и велешани кои денес ќе бараат триумф.

Струга забележа победа над Куманово со 26:24 и со тоа стружани дојдоа до голема победа, од друга страна Прилеп го доби Пролет со 23:20, па сега Радовиш и Борец ФЛ мораат до победа во нивниот денешен меѓусебен дуел со цел собирање на бодови во тешката битка за опстанок.

Радовиш не пренесе бодови во плеј-аутот, а во првото коло преку пресврт со 24:19 загуби од Куманово во меч каде радовишани имаа резултатска криза кога Куманово направи серија од 8:0 и тоа беше клучно за пораз на Радовиш.


Борец ФЛ загуби убедливи од Прилеп со 28:21 во гости, па велешани ќе бараат денес прва победа во плеј-аутот.

Радовиш не смее да погрешни прецизно кажано не смее да загуби бидејќи сериозно ќе заостанува односно ќе има три бодови негатива, ако Борец ФЛ ги освои двата бодови на денешниот меч, па во таков случај тимот на Радовиш ќе го чека „пекол“ на следните мечеви во битката за опстанок.


Тимот е значително засилен и со интернационалци од Бразил и Молдавија, донесе квалитетни домашни засилувања и проверени имиња, дојде и новиот тренер Игор Котевски, но поразите и натаму се редат на контото на Радовиш. Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов денес одново ќе играат против својот поранешен клуб.

  • ТАБЕЛА ПРЕД ДЕНЕШНИОТ МЕЧ ВО ВЕЛЕС:

1. Прилеп 6 бодови
2. Пролет 5 бодови
3. Куманово 4 бодови
4. Струга 3 бодови
5. Борец ФЛ 1 бод
6. Радовиш 0 бодови

Повеќе од јасно е дека Прилеп, Пролет и Куманово ќе го потврдат опстанокот многу порано, а битката ќе биде меѓу Струга, Борец и ФЛ која екипа да испадна директно, а која да игра бараж за можен опстанок во Суперлигата.

Натпреварот се игра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со почеток од 18 часот, а судиска двојка ќе биде Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, делегат на мечот ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!