Трета лигаФудбал

Демир Хисар сака изненадување против Сатеска и три бодови – гостинот од Волино нема право на грешка!

Сподели
Сподели

Денес во рамки на 14. коло на Трета лига – Југозапад екипата на Демир Хисар на домашен терен ќе се соочи со Сатеска од Волино, во меч каде домаќинот сака да направи изненадување за освојување на три бодови, гостинот нема да право на грешка ако сака бараж за Втора лига.

Демир Хисар не тргна според планот во актуелната сезона, а тоа го „забетонира“ во долниот дел од табелата, но сепак во продолжението од сезоната екипата ја поправи својата игра и со трите победи и двете ремија собра 11 бодови и со тоа сега е во позиција да конкурира не само за опстанок, туку и за повисок пласман на табелата.

Од една страна поради притисокот, но од друга страна и поради домашниот терен и поддршката од домашната публика Демир Хисар сака изненадување и три бодови против Сатеска од Волино која ќе биде фаворит на натпреварот.

Токму Сатеска која е трета на табелата со 27 бодови, четири помалку од лидерот Преспа од Ресен сака триумф и само тоа ќе биде опција за тимот од Волино, ако сака да го следи чекорот на лидерот од Ресен на патот кон освојување на шампионскиот пехар во Трета лига – Југозапад, а со тоа и обезбедување на пласман за можен влез во Втора лига.

Сатеска во своите редови го има Никола Секулоски кој е најдобар стрелец во лигата, но и Демир Хисар го има Стефан Каревски кој минатата сезона беше трет најдобар стрелец во лигата со 17 гола.

Дарко Котевски од Битола ќе биде главен судија на денешниот меч, а ќе му помагаат Горан Танчевски и Горазд Трајков од Битола, а натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Демир Хисар ќе започне во 16 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!