Денес во рамки на 6. коло на Општинската фудбалска лига во Куманово ќе се одигра дерби за првото место меѓу Македонија Агино и Четирце.

Соочување на Македонија Агино која е домаќин на денешниот натпревар, а се наоѓа на третото место со 8 бодови, додека пак Четирце е на врвот со 11 бодови.
Фудбалскиот терен во Агино Село е во перфектна состојба, терен каков пола второлигаши немаат на своите Градски стадиони. Тревникот и самата подлога се во одлична состојба, а во одлична состојба се и кабините за резервни играчи и делегатот.

Дербито меѓу Македонија Агино и Четирце се игра веќе денес со почеток од 11 часот, а главен судија на мечот ќе биде Александар Ѓурковски од Куманово.