Останато

ФОТО: Штип УГД во целост ја надигра Струмица и ја одбрани Куп титулата!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Одбојкарите на Штип УГД ја одбранија Куп титулата, откако во преполната сала „25 Мај“ во Радовиш, штипјани со 0-3 (21:25, 24:26, 25-21) во сетови славеа на Струмица. Во големото финале штипјани беа убедливи од аспект на резултатот со што Штип УГД испиша нова историја откако ја одбрани Куп титулата и по вторпат во низа ја носи Куп титулата во градот под Исарот.

Моќно издание на штипјани со 0-3 во сетови и најава дека започнува нивната доминација во одбојката, најава и за серизен атак на освојување на двојната круна во македонската одбојка.

Струмица првиот сет го отвори со 2:0, но веднаш брзо следуваше израмнување на 2:2, а на 4:5 се случи првото водство за Штип УГД, но веднаш струмичани израмнија на 5:5. На сервис беше Мирасчиев кога Штип УГД имаше 5:7, но Струмица намали на 6:7, а потоа Штип УГД дојде до 6:9 на плус три. Струмичани погрешија при сервисот и топката заврши во аут со што штипјани имаа 12:18 во првиот сет.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

На 15:1 тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески повика тајм-аут, а веднаш потоа следуваше поен за Струмица за намалување на 16:19, а па веднаш и 17:19.

На 18:19 промена направи Ристески кога во игра влезе Стефан Алексов. Со ас поен екипата на Штип УГД имаше 20:23 и чекореше кон освојување на првиот сет, а штипјани сетот го добија со 21:25 за 0-1 во сетови.

Во третиот сет Струмица тргна со предност од 3:0, по што Штип УГД успеа да се врати на 3:2 и да не дозволи противникот да има посериозна резултатска предност во вториот сет, а веднаш потоа дојде и израмнувањето на 3:3. Со два поени во низа на Алексов штипјани дојдоа до ново изедначување на 5:5, па следуваше и прво водство на Штип УГД од 5:6 со ас сервис. Брзо направи пресврт Струмица на 7:5 со ас сервис на седмиот поен.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во вториот сет Струмица дојде на плус четири при 11:7, по што Штип УГД побара тајм-аут, а тренерот Кристиан Ристески подели нов совет и насоки. Во продолжението од сетот Штип УГД влезе во серија со која дојде до водство од 13:14, но по сервис грешка на штипјани, одново резултатот беше изедначен на 14:14, сервис гол-аут за ново водство на Штип УГД од 14:15.

Голема беше неизвесноста во вториот сет и двете екипи беа резултатски изедначени и одново имаше изедначување на 17:17. На 17:20 екипата на Струмица повика тајм-аут, бидејќи штипјани веќе одлепија на три разлика за 17:20 и итаа кон освојување и на вториот сет.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Ас сервис на Владо Милев за 24:24 и сетот влезе во една неверојатна пеколна атмосферата во СРЦ „25 Мај“, а сетот штипјани го добија со 24:26.

Третиот сет тргна идентично како и вториот со многу неизвеност и игра со поен по поен и на двете страни, но потоа Струмица направи серија за 6:3. Серија на поен имаше и Штип УГД, па резултат дојде до 8:8 што одново ја врати неизвесноста и страста кај публиката за поддршка и силно навивање за своите екипи, а потоа следуваше и пресврт со ас сервис на Стојанов за 9:10.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во продолжението од сетот продолжи големата борба на теренот за секој поен, а Штип УГД дојде до водство од 19:20 кога Струмица побара тајм-аут. Сетот штипјани го добија со 25-21.

Најдобар на завршницата кај мажите е техничарот Давид Стојанов, кој го носи дресот на Штип УГД.

Штипјани испишаа историја откако ја одбранија титулата, а градот под Исарот ја доби втората Куп титула во македонската одбојка, со што започнува ерата на штипската доминација во македонската одбојка.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!