Останато

ФОТО: Јанта Волеј го доби Работнички Скопје и патува во големото финале каде ќе игра со Наковски Волеј

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Јанта Волеј со 0-3 во сетови го доби полуфинале со екипата на Работнички Скопје со што Јанта Волеј од Кисела Вода се пласираше во големото финале каде ќе ги вкрсти копјата со Наковски Волеј.

Со два поени во низа екипата на Работнички Скопје прва го отвори резултатот во првиот сет, а потоа веднаш Јанта Волеј освои поен за 2:1, потоа резултатот беше и 3:3, па Работнички Скопје дојде до 4:3, а потоа и 5:3. Со одлична серија екипата на Работнички Скопје дојде до 6:3.

Со два поени во низа екипата на Јанта Волеј на 6:5 во натпреварот кој е „финале пред финалето“, а веднаш потоа и изедначување 6:6. Воедно оваа беше и најизнедначениот натпревар од сите четири полуфинални натпревари и во машка и во женска конкуренција на завршницата од Купот на Македонија во одбојка, а на големо задоволство на публиката. Јанта Волеј направи изненадување на 9:9, а потоа веднаш Работнички Скопје освои поен за 10:9 и ново водство, а од блокот топката заврши во аут за водство на Работнички Скопје на 11:9. Блок за тимот на Јанта Волеј за ново изедначување на 11:11.

Работнички Скопје влезе во серија со три поени разлика за водство од 14:11, по што Јанта Волеј го побара првиот тајм-аут на мечот. Со поен на Бошковска екипата на Јанта Волеј намали на 16:14, а веднаш и нов поен за 16:15, а на следниот поен и израмнуање 16:16.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Со борбена игра Јанта Волеј направи пресврт и поведе со 17:18, а тоа ја вжешти атмосферата во салата, но во следниот сервис Јанта Волеј направи грешка и резултатот веќе беше 18:18. Промена на резултатот за водство на Работнички Скопје од 20:19 со што продолжи неизвесноста и егал борбата на теренот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Поен за Симона Стојановска од Јанта Волеј за израмнување на 22:22, но веднаш Работнички Скопје дојде до 23:22, но следно од блокот во аут за 23:23, па Јанта Волеј направи нова предност од 23:24, па Работнички Скопје повика тајм-аут, а потоа беше 24:24.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Сетот се решаваше на два поени разлика, а Јанта Волеј имаше 24:25, кога Работнички Скопје побара втор тајм-аут, а потоа Јанта Волеј го доби сетот со 24:26 за 0-1 во сетови и водство на Јанта Волеј над Работнички Скопје.

Во вториот сет Јанта Волеј тргна со 0:2 во поени, а од сервис грешка екипата на Работнички Скопје намали на 1:2, со блок на Бошковска екипата на Јанта Волеј одлично тргна во вториот сет и имаше 1:4. Екипата на Јанта Волеј дојде до посериозна предност од 3:8 за пет поени разлика, па екипата на Работнички Скопје побара тајм-аут, но и тајм-аутот продолжи да расте предноста за Јанта Волеј на 3:9, а со поен од блок резултатот беше 3:10, по што Работнички Скопје направи измена во составот.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Со фантастична борба на теренот која ги собра сите аплаузи од публиката екипата на Јатна Волеј зголеми на 6:14 на што повика Работнички Скопје нов тајм-аут. Со ас сервис на Василевска екипата на Јанта Волеј направи разлика од 8:17. Сервис во аут за 11:19, но и натаму продолжи Јанта Волеј да ја одржува разликата и да не му дозволува на противникот да се врати резултатски во вториот сет.

Од блок во аут за десет поени разлика и водство на Јанта Волеј над Работнички Скопје, ас сервис на Стојковска за 11:22. На крајот вториот сет за 0-2 екипата на Јанта Волеј го доби сетот со 11:25.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во третиот сет Работнички Скопје тргна одлично откако сетот го отвори со 3:1, во продолжението од третиот сет Работнички Скопје се обидуваше да направи разлика, но Јанта Волеј дојде до 7:7, а со поен на Трифуновска екипата на Работнички Скопје имаше 8:7.

Работнички имаше нов обид да се одлепи резултатски во третиот сет кога направи нови плус два за 10:8, а при двата сервиси на Собол екипата на Јанта Волеј направи пресврт и го превзема водството за 10:11, а веднаш потоа и 10:12, а веднаш потоа сосема очекувано и тајм-аут за екипата на Работнички, но и по тајм-аутот предноста за Јанта Волеј се зголемуваше и дојде на плус три при 10:13 и 10:14.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

И натаму траеше сервис серијата на Собол кај Јанта Волеј, а резултатот се зголемуваше на плус пет и 10:15, а потоа нов тајм-аут за Работнички Скопје. Продолжи одличната игра на Јанта Волеј со што екипата дојде до 11:18 и чекореше кон големото финале. Работнички Скопје продолжи да прави измени во обид да го спречи налетот на одбојкарките на Јанта Волеј.

Со поен на Мила Дикова екипата на Работнички Скопје намали на 17:21, но потоа веднаш Јанта Волеј зголеми на 17:22. На 19:24 екипата на Јанта Волеј имаше меч топка и сетот го доби со 19:25.

Во првото полуфинале екипата на Наковски Волеј со 3-0 во сетови максимално го доби Фит Фан Волеј и обезбеди финале, а тоа значи дека утре со почеток од 16 часот во големото финале ќе се соочат Наковски Волеј и Јанта Волеј.

Во машкото финале ќе се соочат екипите на Штип УГД која е бранител на Куп титулата и Струмица. Машкото финале е утре од 19 часот, а пак женското финале е од 16 часот. Натпреварите се играат во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Останато

Националното првенство во пливање донесе нови рекорди – Цеков доминираше на 1500м, Јанковски најбрз на 50м

Националното првенство во пливање донесе нови државни рекорди во машка конкуренција. Најимпресивен...

Останато

Историски успех за М.Т.Т.Ф: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Прв медал во сениори во историјата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од...

Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Филип Блажевски вчера во Приштина, Косово, го освои бронзениот медал на Европското...

Останато

Македонија со претставник на завршната конференција на „Играј одбојка, расти со неа“

Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ, учествуваше на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!