Останато

Велес домаќин на Европски куп: Над 200 кајакари ќе се натпреваруваат на диви води

Сподели
ФОТО: Љубомир Спасиќ
Сподели

Овој викенд, на 6 април, Велес ќе пречека повеќе од 200 кајакари од цела Европа, кои ќе се натпреваруваат во второто коло од Европскиот куп во кајак – дисциплина спуст. Ова престижно спортско случување го зацврстува статусот на Велес како центар за водени спортови во регионот.

Настанот продолжува да ја гради традицијата на големите натпреварувања, по успешните Балкански првенства и Светски купови организирани во последните две години. Натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и Македонија ќе се борат за бодови на европската ранг-листа.

Спортистите ќе се натпреваруваат во шест дисциплини, поделени во две категории – јуниори и сениори. Натпреварувањата започнуваат во недела од 9:30 часот со првата квалификациска трка, по што ќе следи второто возење во 11:30 часот. Најдобрите 15 во секоја категорија ќе се пласираат во финалната трка, која е закажана за 14:30 часот, кога ќе се одлучат победниците.

Велес овој викенд ќе биде центар на европскиот кајак, а љубителите на спортот ќе имаат можност да проследат врвни возбудувања на дивите води на реката Вардар.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!