Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 23. коло во Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат во сабота со почеток од 15:00 часот.
Сашко Ристов ќе го суди дуелот меѓу Победа и Вардар Неготино во Прилеп, додека Методија Ставров ќе ја води средбата помеѓу Башкими и Новаци. Игор Иванов ќе биде главен арбитер на натпреварот меѓу Охрид и Каменица Саса.
Јордан Јовановски ќе ја дели правдата во Струмица, каде Беласица ќе се соочи со Вардарски, а Марјан Дејаноски ќе биде главен судија на мечот меѓу Арсими и Осогово. Скопската пресметка меѓу Македонија ЃП и Скопје му е доверена на Пларент Салихи.
Борче Павловиќ ќе го суди натпреварот Борец – Кожуф, а Благојче Ралевски ќе биде задолжен за дуелот меѓу Брегалница и Детонит Плачковица, кој ќе се игра во Штип.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 23 КОЛО ВТОРА ЛИГА:
Победа – Вардар Неготино, Сашко Ристов (Струмица)
Башкими – Новаци, Методија Ставров (Скопје)
Охрид – Каменица Саса, Игор Иванов (Велес)
Беласица – Вардарски, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Арсими – Осогово, Марјан Дејаноски (Кичево)
Македонија ЃП – Скопје, Пларент Салихи (Тетово)
Борец – Кожуф, Борче Павловиќ (Скопје)
Брегалница – Детонит Плачковица, Благојче Ралевски (Битола)