Останато

Четири бронзени медали за џудо клубот Дрим од Струга на меѓународен натпревар во Сараево, БиХ

Сподели
ФОТО: Judo Club "Drim" Struga
Сподели

Изминатиот викенд џудо клубот Дрим од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Куп Града Сараева“ на кој настапија повеќе од 600 џудисти од Балканот, а стружани се враќаат со освоени четири бронзени медали.

Со медали се закитија Мила Стојанова, Катерина Клењоска. Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифоска.

Во Сараево одлично се претставија и Мелани Јакуповска, Ненад Костоски, Мартина Салви, Леонардо Салви, Сергеј Блажески, но не успеаја да се искачат на пиедесталот.

ФОТО: ФОТО: Judo Club “Drim” Struga

Клубот продолжува со интензивна работа и подготовки за следните предизвици на домашни и меѓународни натпревари.

ФОТО: ФОТО: Judo Club “Drim” Struga

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!