Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Голманот Димитар Ѓоргиев го одбрани пеналот на Давид Спасов на „Цвај арената“ во Неготино!

Сподели
Сподели

Натпреварот од 22. коло на Втората лига меѓу Вардар Неготино и Детонит Плачковица кој се играше на „Цвај арената“ во Неготино, заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за поделба на бодовите.

Вардар Неготино имаше и пенал, но не го искористи истиот, откако одговорноста за ударот од белата точка го превзема Давид Спасов, но неговиот удар беше одбранет од голманот на радовишани, Димитар Ѓоргиев, искусниот голман одлично го прочита ударот на Спасов и ја сочува својата мрежа чиста.

  • ОДБРАНЕТИОТ ПЕНАЛ ВО НЕГОТИНО:

Двете екипи може да жалат за овој резултат, трите бодови беа повеќе од важни особено за домашниот тим кој води борба за директен опстанок во Втората лига и собира бодови со цел да не го загрози 13-тото место бидејќи има само четири бодови повеќе од Осогово кој е во бараж зоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ТАБЕЛА: Преспа од Ресен е на врвот во Трета лига – Југозапад, Кораб и Сатеска од Волино во трката за баражот!

По тринаесет одиграни кола во Трета лига – Запад и натаму Преспа од Ресен е лидер со 31 бод на своето конто со...

Ракомет

Охрид го претстави словенечкиот интернационалец Тилен Стрмлјан

Ракометниот клуб Охрид продолжува со формирање на тимот за следната сезоната од Суперлигата, каде „гладијаторите“ ќе влезат со повисоки цели и амбиции. Новиот...

Поврзани написи
ФудбалФудбалска репрезентација

Македонија женска репрезентација до 19 години оствари минимален триумф над Литванија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1:0...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!