Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Ќе има многу борба за влез во Првата лига, кои екипи ќе испаднат од Втора лига?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

„Киксовите“ кои ги направија Македонија ЃП и Башкими ја вратија одново неизвесноста околу местата кои директно водат кон Првата македонска фудбалска лига. Оие две екипи и натаму се водечки со по 49 бодови, но откако двете екипи ремизираа без голови, Македонија ЃП во Кочани против Осогово (0:0), а пак Башкими во Прилеп со Победа (0:0), најмногу од овие резултати добија Брегалница која сега е трета или во бараж зоната со 47 бодови, а пак Арсими е четврти со 45 бодови.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Брегалница и Арсими ги напаѓаат местата кои водат кон Првата лига, а Башкими и Македонија ЃП водат борба да ги сочуваат првите две места, а тоа на осум кола до крајот ќе понуди повеќе од неизвесност кои екипи ќе обезбедат директен влез, а која екипа ќе игра бараж за можен влез во елитата на Македонија.

Ваква ќе биде ситуацијата и на дното од табелата каде ќе се води борба за опстанок. Вардарски и Борец од коло до коло се се поблику до официјално испаѓање во Трета лига. Математички двете екипи се во игра, но реално е многу тешко да се очекува дека двете екипи ќе се спасат, особено што Борец нанижа три порази во низа, откако особено ги загубите двата клучни натпревари како што беше со Вардарски во Богданци и дома од Осогово.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Токму Осогово кој влезе во серија на позитивни резултати доаѓа до ситуација да има и директен опстанок во Втора лига, бидејќи има само четири бодови помалку од зоната за директен опстанок каде што е Вардар Неготино. „Жетварите“ имаат 17 бодови, а пак тимот од Неготино има 21 бод.


Загрозени за директен опстанок се и екипите на Новаци и Победа кои го делат 11-тото место со по 23 бодови. Овие две екипи ќе сакаат веќе во следните кола да соберат бодови и на неколку кола до крајот да го потврдат опстанокот, па битката за да се избегне баражот односно да се обезбеди директниот опстанок, ќе се сведе на Осогово и Вардар Неготино.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Еве како изгледа целата табела во Втората македонсак фудбалска лига и што практично ќе не очекува до крајот на 30-тото коло.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 22 15 4 3 41 8 +33 49
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 22 15 4 3 38 17 +21 49
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 22 14 5 3 33 18 +15 47
4 ФК АРЕСИМИ-1973 22 14 3 5 39 20 +19 45
5 ФК СКОПЈЕ АД 22 8 10 4 27 19 +8 34
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 22 7 11 4 28 20 +8 32
7 ФК КАМЕНИЦА САСА 22 9 5 8 36 30 +6 32
8 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 22 9 5 8 26 25 +1 32
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 22 7 10 5 22 18 +4 31
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 22 8 7 7 27 24 +3 31
11 ФК ПОБЕДА АД 22 6 5 11 23 29 -6 23
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 22 6 5 11 21 29 -8 23
13 ГФК ВАРДАР Неготино 22 6 3 13 26 41 -15 21
14 ГФК ОСОГОВО 22 4 5 13 19 38 -19 17
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 22 2 4 16 13 40 -27 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 22 2 2 18 16 59 -43 8

Следниот викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!