Трета лигаФудбал

ФОТО: Лидерот Големо Коњари триумфираше со осум гола и го искористи „киксот“ на Превалец за да се одлепи кон баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Слога Лажани - Превалец
Сподели

Лидерот Големо Коњари со убедливи 8:0 го декласираше Венец од Долни Дисан во рамки на 17. коло на Трета лига – Југ, а притоа го искористи „киксот“ на Превалец кој ремизираше со Слога во Лажани играјќи 3:3.

Големо Коњари сега веќе има шест бодови повеќе во однос на Превалец кој е втор и со тоа е чекор напред кон баражот за Втора лига.

Беким Алимоски постигна три-гола за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Михо Андреевски во првиот дел, додека пак во второто полувреме стрелаа Мустафа Селманоски, Илчо Митрески, капитенот Борче Сркески кој погоди од белата точка и Владимир Бешовски.

ФОТО: Победничка фотографија од соблекувалната на Големо Коњари

Превалец прокоцка два гола предност откако на полувреме имаше 0:2, па на крај ремизираше со Слога играјќи 3:3. На полувреме Пеце Стојанов и Давид Секуловски имаше два гола предност. Во вториот дел Самир Карипиќ погоди за 1:2, а пак Адмир Угљанин во 66. минута постигна гол за 2:2. Но, по две минути Кристијан Маневски постигна гол за 2:3.

Десет минути подоцна Емир Каришиќ беше прецизен за 3:3 и тоа воедно беше конечниот исход, а во 91. минута поради два жолти картони од игра беше исклучен Армин Потурак со што домашниот тим беше со играч помалку во судиското надополнување.


Голем бод за домашниот тим против големиот фаворит, кој сигурно не е задоволен откако испушти цел „плен“ во трката за баражот за Втора лига.

ФОТО: Влазними Јуниор – Младост Кривогаштани

Младост од Кривогаштани со 0:4 го декласираше Влазними Јуниор во Мало Коњари каде во првиот дел со погодоците на Чешелковски и Бунески гостинот имаше 0:2 на полувреме, а во второто полувреме Димоски и Китаноски ги поставија конечните 0:4.


Ултрас му прави голема услуга на лидерот Големо Коњари, откако со 1:2 славеше над Башкими 2008 во Чашка. Во меч со осум жолти картони гостинот имаше 0:2 на полувреме со погодоците на Трајкоски и Паноски. Во вториот дел домашниот тим Пајазитов погоди за конечни 1:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!