Во моментот се игра второто полувреме од прекинатиот натпревар меѓу Вардарски и Арсими.
Првите 45 минути беа одиграни во саботата, но поради обилните врнежи од дожд второто полувреме воопшто и не започна, бидејќи Градскиот стадион во Богданци беше под вода целосно поплавен што немаше воопшто услови да продолжи натпреварот.
Арсими преку пресврт имаше предност од 1:2 на полувреме, а вторите 45 минути се играат во моментот.
Во првото полувреме кое беше одиграно во саботата Вардарски преку Даријан Трајчов во 15. минута прв дојде во водство, а потоа Арсими преку Аблан Таипи и Аљбин Рамадани во четири минути пред крајот на првиот дел дојде до 1:2 на полувреме.