Ракомет

Костов за Спортска Мрежа: Охрид ќе се надигрува со секој во плеј-офот, одиме чекор по чекор!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид не видоа мака против Шампион во Купот, откако со 45:10 лесно се справија со прволигашот и всушност овој натпревар беше само подготовка за охридските „гладијатори“ за натпреварот кој им следува веќе во среда против Бутел на гостински терен.

Ракометарот на Охрид, Наум Костов, за Спортска Мрежа истакна дека натпреварот со Шампион од Купот им бил само подготовка за мечот од првото коло од плеј-офот против Бутел во гости.

„Распоредот е малку набиен бидејќи имавме натпревар во среда, сега имаме многу битен натпревар против Бутел во гости. Се подготвуваме веднаш уште по натпреварот со Алкалоид. Натпреварот од Купот против Шампион го сметавме за еден вид на припрема за натпреварот со Бутел и секако чекор по чекор ќе одиме да се надигруваме со секој во плеј-офот“, изјави Костов за Спортска Мрежа.

Охрид во плеј-офот пренесе еден бод од регуларниот дел, додека пак екипата на Бутел не пренесува бодови во плеј-оф сегментот каде се разигрува за титула и излез во Европа. Натпреварот меѓу Бутел и Охрид се игра во среда во спортската сала „Антон Димитров“ со почеток од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!