Младински фудбалФудбал

Фудбалерките положија цвеќе – ЖФК Башкими оддаде почит кон 59-те жртви од големата трагедија во Кочани

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Башкими од Куманово оддаде почит кон 59-те жртви од страотниот пожар кој се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По одигрувањето на натпреварот против ЖФК Кочани во рамките на 15. коло од Кадетската женска фудбалска лига во Горни Подлог, кочанско, фудбалерките на Башкими положија цвеќе во сеќавање на трагично загинатите.

Голем гест за оддавање на почит кон трагично загинатите од страна на ЖФК Башкими, стручниот штаб и претседателот Арменд Дестани. Емотивен гест со кој се искажува важноста на заедничката солидарност во тешките моменти за цела нација, кога Македонија тагува по своите загубени чеда.

Што се однесува до самиот натпревар екипата на Кочани беше подобра со 4:1, а за домашниот тим двоен стрелец беше Јана Јорданова, а по еден гол постигнаа Стефанија Нацева и Илина Јаневска, додека пак за гостинот голот го постигна Абијона Абази.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!