ФудбалФутсал

Балкан преку пресврт го доби мега дербито со Кораб во меч со 19 гола, висока победа за Партизан Југ од Брвеница!

Сподели
Сподели

Екипата на Балкан го доби мега дербито со Кораб, откако славеше со 8:11 во Дебар во клучен меч на патот за освојување на едно од првите две места кои директно водат кон пласман во Првата футсал лига на Македонија.

Кораб направи чекор назад во трката за првите две места кои водат кон Прва лига, откако го загуби клучниот меч, но сигурно е дека и натаму ќе прави притисок, а особено ќе зависи од утрешното дерби во Штип меѓу лидерот Мал Ајакс и Овче Поле од Свети Николе.

Мега дербито во Дебар започна со минута молк во чест на трагично загинатите 59 лица од страотниот пораж во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Кораб може и да жали за овој исход од мечот од 17. коло на Втората футсал лига, бидејќи на полувреме имаше 6:3 и солидна предност, но гостинскиот тим во вториот дел заигра многу подобро и ја стопи предноста на противникот и успеа на крајот да триумфира со 8:11.

За домашниот тим двојни стрелци беа Октај Беќири, Енес Боличе и Дргим Каја, а по еден гол постигнаа Ервин Елезоски и Енѓел Точи. За гостинот натпреварот го реши Јусуф Сулејмани кој постигна четири гола, Енис Реџеп имаше хет-трик, два гола постигна Пајтим Реџепи, а по еден гол постигнаа Ерол Далип и Џељаљ Мјаку.

За домашниот тим хендикеп беа двата црвени картони, откако голманот и капитен Фати Ќоку доби црвен картон во 7. минута, а пак Бујар ПОцеста во 10. минута заработи црвен картон, а исто така во 10. минута црвен картон доби и голгетерот Ибрахим Алији, кој не можеше да му помогне на својот тим, но и во вакви околности сепак Балкан триумфираше. На натпреварот беа поделени три жолти картони кај домашниот тим и еден кај гостинскиот тим.

Одлично и коректно судење од страна на искусниот Дарко Радески од Брвеница, Тетово и Метин Османи од Тетово.


Висок триумф од 4:14 однесе екипата на СЕЕ Университи на гостувањето во Прилеп кај Победа. Гостинот од Тетово беше фаворит на овој меч и ја оправда фаворитската улога со убедлив триумф.

Пет гола постигна Гезим Азизи за гостинскиот тим, четири пати погоди Самир Рамадани, двоен стрелец беше Зеќирија Османи, а по еден гол постигнаа Едис Муртезани, Ермал Љиворека и Берат Саиди.

Кај домаќинот двоен стрелец беше Стефан Спиркоски, а по еден гол постигнаа Никола Трајкоски и Благојче Здравески.


Трите бодови остана во Брвеница откако Партизан Југ со 8:4 го доби ланскиот прволигаш Карадаку. За домаќинот по три гола постигнаа Даниел Радески и Дејан Јанкулоски, по еден гол Новица Костадиноски и Илија Јанкулоски.

Кај Карадаку двоен стрелец беше Омер Саќипи, а по еден гол постигнаа Салим Реџепи и Семир Арифи.

Неизвесен меч имаше во Кисела Вода каде ССК Скопје со 5:4 ја доби Каршиака. Илија Алексовски во 6. минута погоди за 1:0 и водство на ССК Скопје, а потоа капитенот на домашниот тим Бранко Ѓуровски доби црвен картон, а црвен картон доби и гостинскиот играч Енис Ибраими.

За четири минути Каршиака постигна три гола и поведе со 1:3, откако Џезаир Рамадани стрелаше за 1:1, а Нехат Емини беше прецизен за пресврт од 1:2, а пак Неџати Шабани постигна гол за 1:3 во 12. минута. Но, голеадата продолжи, откако во 13. минута постигна гол за 2:3, Алексовски со втор гол израмни на 3:3, а пак Спасе Здравевски беше прецизен за 4:3 на полувреме.

Во вториот дел Каршиака израмни на 4:4 со втор гол на Шабани во 30. минута, а шест минути подоцна Здравевски со втор гол ги постави конечните 5:4 за победа на ССК Скопје.

Натпреварот меѓу Конзули и Енхалон кој требаше да се игра во Ресен, не се одигра, бидејќи екипата на Енхалон од Струга се откажа од понатамошно натпреварување.

Колото ќе се комплетира утре со големото дерби меѓу Мал Ајакс и Овче Поле кое се игра во Штип со почеток од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лековски ќе дели правда во Мешеишта, Зекмановски ќе им суди на Света Троица и Караорман

Утре ќе се играат натпреварите од 8. коло на Третата фудбалска лига – Југозапад, а веќе се познати и судиите кои ќе делат...

Втора лигаФудбал

Искусниот Зоран Даноски се врати на фудбалските терени!

Искусниот фудбалер Зоран Даноски по подолг период се врати на фудбалските терени, 35-годишникот поради повреда подолг период беше надвор од терените, неговиот последен...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!