Од следната натпреварувачка сезона 2025/2026 Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица ќе формира општинска лига или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Сите заинтересирани клубови од општина Струмица, Ново Село, Босилово, Василево и општина Радовиш може да пријават учество за следната сезона. Рокот за пријавување е до 20. август 2025 година.
„Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица со задоволство објавува иницијатива за формирање на нова Општинска фудбалска лига за сезоната 2025/26. Оваа лига има за цел да ги обедини локалните фудбалски клубови и да го поттикне спортскиот дух во нашата заедница“, велат од ОФС Струмица.
Почетокот на сезоната, како и натпреварите ќе бидат договорени дополнително, а категоријата на натпреварување е сениори.
Сите кои се заинтересирани за пријавување можат да контактираат на 071 399 659 и 071 234 414, како и на ofs.strumica@hotmail.com
„За повеќе информации и детали околу правилата и форматот на натпреварите, ќе бидете дополнително известени по завршувањето на процесот на пријавување. Ве охрабруваме да бидете дел од оваа иницијатива и да придонесете кон развојот на фудбалот во нашите општини“, дополнуваат од ОФС Струмица.
Веќе неколку сезони нема Општинска фудбалска лига во Струмица, ниту во Радовиш, а потегот на раководството на ОФС Струмица и претседателот Илија Илиев е за поздравување со тоа што ќе се врати локалниот фудбал, ќе има можност за развој на истиот во гореспоменатите општини, а од каде ќе може да се влечат фудбалери во екипите од овој регион кој се натпреваруваат во повисок ранг на натпреварување.