Ракомет

Металург Автокоманда убедливо го доби Чаир, „лавиците“ со нова победа, Вардар пресилен за Астибо

Сподели
ФОТО ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Деветтото коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига донесе убедлива победа за Металург Автокоманда со 33:24 над Чаир. Најдобрата ракометарка на теренот беше Марија Гугуљанова, која постигна осум гола, следена од Борјана Коцева со седум реализации. Во редовите на чаирчанки, Теодора Гулицоска се истакна со дури 12 постигнати гола.

Шампионот Ѓорче Петров се намачи против Куманово и мечот го доби со 27:29 со што продолжува победничката низа на „лавиците“.

Астибо немаше сили за Вардар и загуби со превисоки 43:21. Сара Богојеска го водеше Вардар со седум гола, а пак Нина Милевска имаше шест. Кај Астибо се истакна Елена Вучевска со десет гола, а не играше најдобриот стрелец во лигата, Марија Анчева.

Во плеј-аутот Деспина со тесни 29:28 ја доби Стружанка, Спартак беше подобар од Пелистер со 27:26, Ѓорче Петров 2 го доби Шампион со 33:23.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!