Трета лигаФудбал

Дербито меѓу Тетекс и Влазерими не го дочека својот крај, високи победи за Ренова и Зајази!

Сподели
Сподели

Денес се играа одложените натпревари од 14. коло на Трета лига – Запад, а во рамки на истото се играше и големото дерби меѓу Тетекс и Влазерими, кое не го дочека својот крај, откако гостите го напуштија теренот.

Натпреварот бил прекинат во 75. минути кога бил нападнат главниот судија Марјан Младеновски од страна на гостински фудбалери, откако било донесена одлука да биде досуден пенал во корист на Тетекс. Надлежните ќе имаат полно работа после овој инцидент.

Оваа беше дерби меч за првото место во Трета лига – Запад и баражот во Втора лига, бидејќи Тетекс е прв со еден бод повеќе во однос на второпласираниот Влазерими.

Клубот од Кичево излезе со соопштение после овој настан.

„ФК Велазерими денеска, 26.03.2025 година, одигра против Ф Тетекс во Тетово натпреварот од 14. коло, натпревар кој беше одложен пред една недела поради настанот во Кочани! Но, што се случи денеска? Пријатели, љубители на спортот и пошироката јавност, преку ова писмо, сакаме да ве информираме дека денеска на натпреварот против ТЕТЕКС се случува нешто што може се да се нарекува само фудбал не! Скандалозното судење под надзор на главниот судија МАРЈАН МЛАДЕНОСКИ, заедно со неговите помошници, и суфлерот – четвртиот судија Пларент Салихи, беа главни актери, каде без трошка срам напаѓаа што ќе им дојде пред очи, казнувајќи го секој од нашиот тим, се освен нивната тенденциозна цел да биде достигната. Од сета оваа репресија диктирана од црните униформи кои мора да делат правда на терен а не да прават судиската едностраност, раководството на клубот реши да го повлече тимот. Мораме да потенцираме дека Пред да досуди непостоечки пенал за домашните, нашиот играч Сами Алили лежеше на теренот и бараше помош. Наместо да му понуди помош и повикува лекар, судијата без никакво оправдување му додели црвен картон. Во меѓувреме докторот оди да пружи асистенција, судијата на докторот му дава и црвен картон, а потоа досудува непостоечки пенал, момент кој го принудува нашиот тим и стручниот штаб да се повлечат од зелениот терен. Затоа, ги демантираме сите медиуми и портали блиски до нив, дека не смеат да дадат изјави и да кажуват дека нашиот тим го нападнале главниот арбитар. Од овој момент, Кф Велазерими изразува огорченост и гнев за тоа што се случи денеска во Тетово и ги прашува надлежните органи на ОФС-Тетово и комисијата за натпреварување во Трета лига Запад, како и претставниците на фудбалот во Република Македонија дали има смисла натамошното натпреварување и учество во ова натпреварување“, се вели во соопштението на ФК Влазерими.

Овој меч речиси извесно е дека Тетекс ќе го добие со службени 3:0, а тоа ќе значи дека Тетекс ќе има четири бодови повеќе и ќе го трасира патот кон баражот за можен експресен кам-бек во Втората лига, откако „штофарите“ минатата сезона испаднаа од Втора лига.

Екипите на Вардар и Љуботен ремизираа без погодоци 0:0 во Брвеница. Екипата на Камјани со минимлани 0:1 ја доби Дрита во Боговиње со голот на Шкљзен Османи постигна во 65. минута од мечот.

Џепчишти со 3:1 ја доби Речица, во меч каде за домашниот тим стрелци беа Алији, Зубери и Садики, а за гостинот погоди Зибери.

Зајази со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Велазерими од Слатино, каде домашниот тим на полувреме имаше 3:1, а во вториот дел стави печат на убедливав победа. Гостинот прв поведе преку Фетаи во 9. минута, а потоа Ќерими, Кадриу и Руфати беа стрелци за 3:1 на полувреме.

Во второто полувреме Хашими и Муслиу беа стрелци за конечни 5:1.

Ренова преку три гола на Ери Абдулахи ја доби екипата на Доброшти со резултат од 3:6.

За домашниот тим Бетим Етеми беше двоен стрелец, а еден гол постигна Ендрит Муареми, а пак за гостинот стрелци беа и Иса Ејупи, Арсим Ибрахими и Ермал Саити.

 

 

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Љуботен слави минималец над кичевски Напредок

Со натпреварот во Тетово меѓу Љуботен и Напредок од Кичево беше отворен 15. коло на Трета лига – Запад, каде домашниот тим славеше...

ФудбалФутсал

ОФИЦИЈАЛНО: Форца ја одбрани шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија!

На три кола до крајот официјално Форца е старо-нов шампион во Првата футсал лига на Македонија. Форца вечерва со 4:5 славеше против Бутел...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Љуботен слави минималец над кичевски Напредок

Со натпреварот во Тетово меѓу Љуботен и Напредок од Кичево беше отворен...

ФудбалФутсал

ОФИЦИЈАЛНО: Форца ја одбрани шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија!

На три кола до крајот официјално Форца е старо-нов шампион во Првата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!