Младински фудбалФудбал

ФК Нови Таленти се истакнува на меѓународната сцена со покана од гигантот Борусија Дортмунд

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Нови Таленти од Струмица продолжува да ги гради своите успеси, како на домашен така и на меѓународен план. По низа забележителни остварувања, школата официјално доби покана од еден од најголемите фудбалски гиганти во Германија – Борусија Дортмунд. Ова значајно признание за струмичкиот ќе се оствари во периодот од 28 до 31 март оваа година.

Во текот на престојот, младите фудбалери на Нови Таленти ќе имаат уникатна можност да тренираат и да одиграат пријателски натпревари со талентираните играчи на селекцијата на Борусија Дортмунд. Дополнително, тие ќе бидат во прв ред за да го следат возбудливиот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Мајнц, што ќе биде искуство за паметење за младите фудбалери.

Но, тоа не е крај на меѓународните авантури на  ФК Нови Таленти. Од 7 до 12 јуни, струмичани ќе учествува на голем турнир во Франкфурт, Германија. Ова е уште една можност да се покаже квалитетот и талентот на младите фудбалери на меѓународната сцена.

Овие важни настани претставуваат голем успех за ФК Нови Таленти и ја потврдуваат нивната посветеност кон развојот на младите фудбалери. Од сите нас, најискрени желби за успех на децата и во текот на овие меѓународни настани – да ги претстават најдобрите свои способности и да продолжат да се истакнуваат во светот на фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!