Комплетирано 16. коло на Втората футсал лига откако неколку натпревари беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Екипата на Карадаку впиша нов пораз откако на домашен терен загуби од Кораб од Дебар со резултат од 5:9. Првиот дел во мечот кој се играше во Липково беше израмнет и на полувреме гостинот имаше предност од 2:3, па во вториот дел беше решен победникот.
Омер Саќипо постигна два гола за домашниот тим, а по еден гол Салим Реџепи, Ермаљ Јусуфи и Семир Арифи, а пак за гостинот хет-трик постигна Дарко Блажевски, двапати стрелаше Октај Беќири, а по еден гол постигнаа Бурхан Бајрами, Африм Кркути, Енес Боличе и Ервин Елезоски.
Каршиака го торпедираше тимот на Конзули од Битола со превисок резултат од 11:1. Фуркан Ќани постигна пет гола, а по три гола постигнаа Енис Ибраими и Некат Емини, а пак за гостинот единствен стрлец беше Муса Веизовски.
Фаворитот Овче Поле лесно забележа триумф од 8:2 против прилепска Победа на домашен терен. Двојни стрелци за ланскиот прволигаш кој сака експресен кам-бек во Првата лига беа Султанов и Јорданов, а по едне гол постигнаа Панев, Стојковиќ, Наунов и Смиљков, а пак за гостинот од Прилеп погодија Трајковски и Спиркоски.
Претходниот викед СЕЕ Универисити со 10:4 го декласираше тимот на СС Скопје, Балкан со 6:2 го доби лидерот Мал Ајакс, а пак Кратово со 8:0 го декласираше тимот на Партизан Југ од Брвеница.