Трета лигаФудбал

ФОТО: Академија Илинден до триумф над Риниа, Шкендија Арачиново со висока победа над Куманово, два гола за Дамјан Антевски!

Сподели
ФОТО: Победничка фотографија од соблекувалната на Академија Илинден
Сподели

Во рамки на одложеното 16. коло на Трета лига – Север поради трагедијата во Кочани лидерот Шкендија од Арачиново ја продолжува победничката серија откако со 0:3 лесно го доби Куманово, тим кој минатата сезона беше шампион, но не го помина баражот и остана пак во Трета лига – Север.

По само две минути игра Дарио Десниќ постигна гол против својот поранешен клуб, а во 10. минута Бујар Иљази постигна гол за 0:2 на полувреме.

Мрежите мируваа се до 90. минута кога Шуајб Алити постигна гол за конечните 0:3.

Натпреварот меѓу некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ и Њу Старс не го дочека својот крај, истиот при 0:0 беше прекинат во 82. минута.

“Натпреварот е прекинат во 82-ра минута поради напуштање на теренот на гостинската екипа. Претставникот од гостинската екипа има доставено изјава/жалба до делегатот”, се вели во официјалниот записник од мечот.


Во меч со пет гола и два брзи погодоци на почеток од мечот екипата на Академија Илинден забележа гостинска победа над Риниа од 2:3.

По само две минути игра Харбин Емини постигна гол за 1:0, но само по една минута Стојанче Камчев погоди за 1:1. Во финишот од првиот дел Николче Ефремов постигна гол за 1:2 на полувреме.


Во вториот дел Риниа го израмни резултат преку Муза Арифи во 49. минута, а по единаесет минути игра Камчев со втор гол ги постави конечните 2:3 за триумф на Академија Илинден.

Фортуна дојде до висока и убедлива победа над новајлијата Ржаничино од 3:0, а сите погодоци беа постигна во вториот дел преку Ибрахими, Сефо и Аљими.


Башкими Љуботен на домашен терен однесе победа од 3:2 над Беса од Слупчане. За домашниот тим двоен стрелец беше Фаредин Исени, а еден гол постигна Аљајдин Османи, додека пак за гостинот двапати стрелаше Мерван Фетаи.

Поранешниот второлигаш на домашен терен загуби од екипата на Аеродром со резултат од 2:4. Одново младиот Дамјан Антевски беше тој го кој решаваше мечот, откако постигна два гола за гостинот, а по еден гол постингаа Христи Мицевски и Александар Каланоски, а пак за домашниот тим стрелци беа Стефан Ѓорѓијев и Зоран Тасевски.

ФОТО: Екипата на Пчиња

Пчиња забележа голема победа во битката за опстанок во Трета лига – Север, откако на домашен терен го доби БВК Коњаре.

Гостинот прв поведе преку Јусуф Јакуповски за 0:1 на полувреме, а во вториот дел за гостинот двоен стрелец беше голгетерот Орхан Мифтар, кој е најдобар стрелец во лигата, а пак за домашниот тим стрелци беа Немање Нешевски, Марко Пешевски, Иван Вукановски и Даниел Стефановски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Јованов: Борба до последната секунда – овој бод ни дава сила!

Осогово извлече бод во дуелот со Шкендија Арачиново и тоа во судиското надополнување, благодарение на голот на Филип Јованов, кој беше прецизен за...

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Малата Калија со големи соништа: Еврогол, талент и љубов кон фудбалот што освојува срца

Во време кога детскиот фудбал носи радост и искрени емоции, од Скопје доаѓа една прекрасна приказна – приказната за младата Калија Зафировска, фудбалерка...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Јованов: Борба до последната секунда – овој бод ни дава сила!

Осогово извлече бод во дуелот со Шкендија Арачиново и тоа во судиското...

Прва лигаФудбал

Јакупи: Жалиме за состојбата на Шкупи, Шкендија ќе игра како да е дерби меч

После поразот од Пелистер, Шкендија се врати на победничките патеки совладувајќи го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!