Прва лигаТрета лигаФудбал

ФОТО: Во Виница се одигра хуманитарен натпревар – газдата на Гостивар донираше еден милион денари за настраданите во Кочани!

Сподели
Сподели

Вчера, на Градскиот стадион во Виница, се одигра хуманитерен натпревар во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица. Мечот беше меѓу третолигашот Слога и прволигашот Гостивар, а целиот приход од донациите, во износ од 34.110 денари, ќе биде наменет за семејствата на загинатите девојчиња од Виница.

Натпреварот покажа голема хуманост и од страна на газдата на Гостивар, кој донираше еден милион денари за помош на настраданите. Во текот на натпреварот, судијата Александар Ананиев, кој е од Кочани, во 59. минута го прекина мечот за да се оддаде почит на 59-те жртви.

Овој хуманитарен гест потврдува дека спортската заедница во Македонија ја покажува својата солидарност, обединувајќи се во најтешките моменти за земјата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!