Втора лигаФудбал

Одложеното коло во Втората фудбалска лига доби нов датум кога истото ќе се одигра

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварите од одложеното 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, добија нов датум кога истите ќе се играат. Оваа рунда беше одложена поради големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а голем број на лица се хоспитализирани во Македонија и странство.

Мечевите се закажани за понеделник (24. март).

Во рамки на 21. коло екипата на Арсими на домашен терен ќе игра со Каменица Саса, Брегалница ќе го пречека Скопје, екипата на Беласица на домашен терен ќе се соочи со Новаци. Во Радовиш соочување на Детонит Плачковица и Кожуф, дерби од дното на Борец и Осогово, а пак Вардарски оди кај лидерот Македонија ЃП.

Башкими како голем фаворит на домашен терен ќе игра со Вардар Неготино, Охрид на „Билјанини Извори“ ќе ја пречека Победа.

Натпреварите ќе започнат во 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров го доби дербито со Металург Автокоманда, осум гол за Емилија Ризоска!

Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска конкуренција, убедлива победа и реми со два погодоци. Тимот на Баламов...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прв пораз за Железарец – Муртезани и Азизи херои на СЕЕ Университи

СЕЕ Университи е првиот тим кој го совлада досега непоразениот Железарец, откако...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втората лига, откако се комплетираше 15. коло?

Откако вчера во Радовиш се одигра последниот меч од 15. коло на...

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Млад фудбалски бисер од Кочани: Петар Огнановски чекори сигурно кон голема кариера

Македонија добива уште еден млад фудбалски талент кој ветува блескава иднина. Петар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!