ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во Белек, Анталија ги започна подготовки со новиот селектор Горан Станиќ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 21 година пристигна во Белек, Анталија каде што во наредниот период ќе одржи подготовки под водство на новиот селектор Горан Станиќ.

Во склоп на овие подготовки во Анталија, нашата млада репрезентација ќе одигра и два тест меча против Белорусија и Азербејџан.

Првиот контролен натпревар со Белорусија го играме на 21. март со почеток во 16.00. На 25. март со почеток од 18. часот играме со Азербејџан.

Напаѓачот на Септември Софија и член на нашата репрезентација до 21 година, Никола Величковски даде свое видување и коментар за претстојните предизвици што ги очекуваат нашите фудбалери.

„Го одработивме првиот заеднички тренинг. Сакаме гордо и достоинствено да ја претставиме нашата земја. Сите сме подготвени да го дадеме максимумот и да го оставиме срцето на терен за дресот со државен грб. Оваа репрезентација поседува квалитет, голем дел од играчите што се моментално во Анталија на подготовки беа во репрезентацијата до 19 години, која пред година дена успеа да оствари  голем успех со пласманот во Елитната рунда на квалификации за ЕП. Огромна чест и задоволство е да играш и да ги браниш боите на нашата држава . Имаме одличен селектор и струшен штаб кои поседуваат исклучително големо искуство и знаење кое нас може да ни донесе големи бенефиции. На секој натпревар ќе влеземе максимално ангажирано и дисцџплинирано. Мораме да бидеме комплетно фокусирани на тренинзите и самите натпревари. Имаме одлична атмосфера, добро се познаваме меѓусебно и посакуваме успех. Имаме тешка квалификациска група во која ќе се соочиме со репрезентации кои се на самиот врв на Европскиот фудбал.  Максимално сме мотивирани, можеме и сакаме да се натпреваруваме и надигруваме со секоја  репрезентација. Поседуваме квалитет и силен карактер, сигурен сум дека тоа ќе го докажеме на теренот. Во овие тешки моменти за нашата држава сакам да изразам големо сочуство на семејствата на загинатите го големата трагедија.“

Нашата млада репрезентација вчера во 18:00 часот официјално го одработи првиот тренинг и ги стартуваше подготовките во Анталија.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!