Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

Сподели
Сподели

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на своето конто односно 17.

„Лавиците“ доминираа и итаат кон одбрана на титулата, а тимот го има најефикасниот напад со постигнати 287 погодоци, а ја имаат и најдобрата одбрана со примени 179 гола.

На делба на второто место се Чаир и Металург Автокоманда со по 13 бодови, додека пак на четвртото место е Куманово со пет бодови. Екипата на Вардар е петта со три бодови, а на дното без бодови е Астибо од Штип.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПЛЕЈ-ОФОТ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 Ѓорче Петров ЖРК 8 8 0 0 287 179 +108 17
2 ЖРК Металург Автокоманда 8 6 0 2 248 192 +56 13
3 ЖРК Чаир 8 6 0 2 253 238 +15 13
4 ЖРК Куманово 8 2 1 5 190 204 -14 5
5 ЖРК Вардар 8 1 1 6 202 236 -34 3
6 ЖРК Астибо 8 0 0 8 167 298 -131 0

Што се однесува до плеј-аутот таму се одиграа две кола. Екипата на Деспина има две победи од два натпревари и шест бодови на своето конто. Спартак е втор на табелата со пет бодови, а пак Пелистер е трето со четири бодови, но и меч помалку.


На четвртото место е тимот на Овче Поле со три бодови, Ѓорче Петров 2 е на петтото место со два бодови и меч помалку, Стружанка е претпоследна со еден бод, а пак Шампион е на дното без бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПЛЕЈ-АУТОТ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Деспина 2 2 0 0 68 45 +23 6
2 ЖРК Спартак 2 2 0 0 55 38 +17 5
3 ЖРК Пелистер 2012 1 1 0 0 31 20 +11 4
4 ЖРК Овче Поле СУ 2 1 0 1 48 53 +5 3
5 Ѓорче Петров – МРК 1 0 0 1 25 28 -3 2
6 ЖРК Стружанка 2 0 0 2 37 52 -15 1
7 ЖРК Шампион 2 0 0 2 43 71 -28 0
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!